- Мени
Локација
Ул. Суитлак 1А
Пешачка Зона, 2000 Штип
Тел.: +389 32 300 313
info@brioni.mk
Ул. Суитлак 1А
Пешачка Зона, 2000 Штип
Тел.: +389 32 300 313
info@brioni.mk
Бриони се раѓа повторно овојпат со модерна и несекојдневна приказна која откако ќе се доживее ќе се раскажува на идните генерации.
Хотел Бриони топло ќе ве пречека во својата нова верзија, вклопен во живописната природа понудена од најубавиот парк во градот Штип, Суитлак, нудејќи ви го неверојатниот поглед на целиот град.
Хотел Бриони
За ваше комплетно приватно и деловно уживање во пријатна атмосфера ќе се погрижи насиот извонреден тим од ресторанот Бриони. Нашето мени е приготвено со многу љубов. Со десерт и кафе ќе бидете услужени во ланчбарот.
Да не ги заборавиме и оние што уживаат во ноќниот живот. Руфтоп барот на Бриони е место кое не треба да се пропушти. Панорамата од барот под отвореното небо на Штип е неодолива, особено ако ги додадеме и егзотичните коктели направени од најдобрите коктел-мајстори. Нашите гости овде ќе ја доживеат неповторливата и несекојдневна приказна, дополнета со музиката на некој од диџеите од викенд-програмата и ќе го запаметат ова патешествие како едно од најдобрите искуства.